Ти си дама кукле, и не им давај да те убедат во спротивното. Дека овој свет разни карикатури денес нарекува „дами“. Некои светкави, накитени, дигнати у небо, со големи наследства и некакво не знам ти какво потекло… не, не, фала, сум видел јас многу такви но ништо дамско нема во нив. Плава крв? Пффф… ти стребала на тебе плава крв. Си имаш ти жар црвена крв, онаа на точка на вриење, и не ти треба никаква плава, ладна и слабокрвна. Не им ја гледај скапата облека, те молам… ти да се стаиш и у наједноставно маиче, фармерчиња и патичиња, дамското од очите ти извира кукле. И тоа не се крие, ти што сакаш прави му. Дека дама, тоа е нежност, грациозност, свежина, внимателност. Љубезност… ама не од онаа усилената, изрежираната, за да види народ. Елеганција, ама не во сумата на она што е на тебе, туку во начинот на кој тоа го носиш. Не е дама недостижност кукле. Напротив. Дама е кога ќе се насмевне и на цар и на бездомник, и тоа подеднакво искрено и женски. Не е дама гордост, туку достоинство. Не, не е исто тоа. Дама е светлина. Каде и да влезе, собата и сите во неа светнуваат некако посебно. Тоа е флуид кукле. Енергија која или ја имаш или ја немаш. Не кукле, дама не се глуми. Дама се раѓа.