Навиките кои ви штетат колку пушењето



Човек дури да не пуши и да не консумира алкохол, сепак може да не успева да живее здраво, ако има навики кои го изложуваат на истите загадувачи содржани во чадот од цигарите или кои го зголемуваат ризикот од развој на рак, еквивалентно на ризикот предизвикан од пушењето.


За среќа, овие навики можат да бидат искоренети лесно откако ќе направите неколку промени во секојдневниот живот. А еве и кои се тие :

1 . Седењето на целиот ден.


Дури да тренирате редовно, ако работата ви е поврзана со седење на биро за 8 часа на ден, значи вие сте загрозени од различни здравствени проблеми. Според здравствениот центар ” Alberta Health Services Cancer Care ” во Канада, седентарниот начин на живот е поврзан со речиси 160 илјади случаи на рак на дојка, на дебелото црево, на простатата и рак на белите дробови секоја година.

Ако сте во оваа група , обидете се да правите повеќе паузи за време на работа и во нив да се движите или да стоите исправено.


2 . Конзумирање на премногу месо и сирење.

Животинските протеини се богати на хормонот за раст IGF-1, кој може да го стимулира растот на клетките на ракот. Една студија од Универзитетот на Јужна Калифорнија неодамна потврди дека луѓето кои се хранат со многу животински протеини за време на просечна возраст се со четирипати ризична група од развој на рак, отколку вегетаријанците, на пример .

Заменете го месото и сирењето со вкусни растителни извори на протеини како грав, на пример. Во истражувањето е утврдено дека откако човек мине 65 -годишна возраст, може да јаде повеќе животински протеини, бидејќи производството на IGF-1 од телото го успорува.

3 . Готвење со природен гас.

Многу луѓе претпочитаат да готват на шпорет на гас, но така се изложуваат на дополнителна доза од јаглерод моноксид, азотен диоксид и формалдехид, секој пат кога ќе направат нешто на шпоретот. Истите тие три загадувачи се наоѓаат во чадот од цигарите .

4 . Готвењето со усвитено растително масло.

Истражувањата покажаа дека готвењето со растително масло и масло од соја за време на нејзиното вжештување, во воздухот се испуштаат честички, алдехиди и полициклични ароматични јаглеводороди – соединенија кои се наоѓаат и во чадот од цигарите и се поврзани со воспаление на дишните патишта .

Готвите со маслиново масло, но обидете се да го избегнувате пржењето и готвењето на висока температура. Не заборавајте го проветрувањето!

5 . Солариум во затворен простор.

Една неодамнешна студија објавена во списанието на Американската медицинска асоцијација пресмета дека солариумот предизвикува околу 420 илјади случаи на рак на кожата во САД секоја година. Пушењето, за споредба, предизвикува 226 илјади случаи на рак на белите дробови .

Колку и бледа да е вашата кожа, подобро јадете повеќе моркови и домати за природен сјај ( и двете храни се богати со каротеноиди и ќе дадат поттик на вашиот тен).

6 . Недостаток на доволно сон.

Недостатокот на сон не само што го прави човек раздразлив, но и хроничната ненаспаност предизвикува висок крвен притисок, срцеви проблеми, мозочни удари, дебелина, како и бројни други здравствени проблеми. Една студија покажа дека човек треба да спие најмалку шест или седум часа во ноќта.