Навиките кои треба да ги научиме од Јапонците



Некои навики што ги практикуваат Јапонците би било добро да почнеме да ги користиме за да научиме како да се почитува врмето и животната средина:


Јапонските деца секој ден заедно со учителите го чистат училиштето да да се научат дека треба да ја почитуваат чистотата и да се навикнат на работа.

Јапонците особено го почитуваат времето. Просечното доцнење на возовите во Јапонија е седум секунди годишно.


Работниците кои се грижат за хигиената во Јапонија се викаат „инженери за здравје“ и се доста добро платени.

Јапонија практично нема природни ресурси, секоја година ги погодуваат стотина земјотреси, но и понатаму се втора економија во светот.


Во Јапонија мобилните телефони не се користат во јавниот превоз, растораните и јавните места за да не ги вознемируваат останатите луѓе.

Децата од прво до шесто одделение во училиштата учат етика како да се онесуваат кон другите луѓе.

Иако спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во светот, речиси никогаш немаат домашни помошнички или дадилки.

Децата неколку години во училиштето немаат оценки. Целта на образованието е градење на здрава личност.

Чистотата е дел од јапонската етика.

По оброкот децата во училиштата задолжително ги мијат забите.