Навиките кои предизвикуваат брчки



Брчките се дел од стареењето и во извесна смисла нема што да направиме за да ги запреме. Со староста битката со нив станува посериозна. Вашите ритуали за убавина и навиките сепак можат да влијаат врз состојбата на брчките.

Видете кои се лошите навики кои влијаат на процесот на стареење на кожата и кои е препорачливо да ги отстраните од секојдневните рутински ритуали за убавина:

Пушите многу

Тоа е меѓу најчестите причини за појавата на брчки, бидејќи на тој начин дехидрира кожата и доведува до неповратни последици за кожните клетки. Овој факт е докажан преку студии за влијанието на цигарите врз кожата.

Се храните со многу засладена храна

Конзумирањето на премногу шеќер не само што влијае на тежината и на шеќерот во крвта, но може да ве направи да изгледате постари. Рафиниран шеќер и други прости јаглехидрати исто доведуваат до зголемување на инсулинот во телото и на тој начин предизвикуваат воспаленија во целото тело. Овие воспаленија произведуваат ензими кои ги разградуваат колагенот и еластинот. Така се појавуваат брчки.

Алкохолот влијае негативно врз содржината на витамин А во организмот, кој е важен антиоксидант и е од витално значење за регенерација на клетките на кожата. Витаминот А е исклучително важен за производството на колаген, а неговиот недостаток е одговорен за формирањето на брчките.

Џвакате премногу често 

Џвакањето на гума за џвакање создава брчки во долниот дел на лицето, кои во принцип се невидливи, но по некое време се јасно изразени. Покрај тоа, според некои лекари прекумерното џвакање на гума за џвакање доведува до промена во структурата на устата.

Не ја вадите шминката навечер 

Во текот на денот на лицето ви се акумулираат не само последиците од шминката, но и од различни нечистотии, кои продираат во порите и ви го нарушуваат производството на колаген и еластин.

Стегате мозолчиња 

Подобро користите природни производи кои се справуваат со проблемот пупки. Отстранувањето мозолчиња може да предизвикува штета врз површината на кожата и доведува до појава на лузни и брчки.

Прекумерно сончање

Дури и за неколку минути на отворено, кожата може да се оштети неповратно од силните зраци на сонцето. Тоа е погубно за колагенот во неа.

Спиете на стомак

Ако спиете на стомак, најверојатно поголемиот дел од лицето ви е со напнат од притисокот. Алтернативата е да се спие на грб.