Научно потврдено: Луѓето кои имаат сестра – се посреќни!



Личноста која е најмногу слична на вас по генетско наследство, не е ниту татко ниту мајка, туку ваш брат или сестра. И отсекогаш се знаело од животните искуства дека најпосебната врска во семејството е онаа што ја има сестрата кон своите браќа.


Една од бруталните, но и точни потврди покажува црната хроника. Во честопати сложениот круг на семејни врски, емоции и искушенија, злосторствата за жал се случуваат во сите можни родови односи, но архивите на судовите во целиот свет, апсолутно докажуваат дека е ретко сестра да повреди или убие брат.

Во тој посебен емотивен универзум, обратен процес е исто така посебен – сестрата е некако најсакана на посебен начин.


Неодамна пристигна уште една официјална потврда на таа тема.

Истражувањето, спроведено на два британски универзитета, опфати млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, кои одговараа на прашања во врска со емоционалните односи во нивните семејства, а главниот заклучок беше дека сите оние кои пораснале со една или повеќе сестри биле генерално посреќни.


Анализата покажала дека сестрите го охрабруваат остатокот од семејството да ги искажат своите чувства поотворено, што истовремено ја зајакнува кохезијата во семејството. Чувствата и разговорот за нив се основа на добро ментално здравје, а сестрите или женските деца се лидери на таквото однесување.

Многу порано, експертите за ментално здравје го потенцираа фактот дека љубовта на една сестра кон нејзиниот брат е една од најчистите и најусловните и затоа злосторствата од овој вид се многу ретки, а најмногу се случуваат во руралните области.

Значи, за среќниците кои имаат сестра, препорачуваме по овој повод – гушкајте ја што почесто!