Научниците открија: Помалку калории, подолг живот



Ограничувањето на калориите е фактор за здрав и долг живот, покажа новото истражување објавено во списанието Nature Communications. Научниците стигнаа до овој заклучок по тестовите со мајмуни.


Тимовите на University of Wisconsin-Madison и на Националниот институт за стареење на населението во САД (NIA) истражувале независно еден од друг како нискокалоричната диета влијае на должината на животот на мајмуните (макаци резус). Двете екипи сепак стигнале до различни заклучоци.

Во 2009та, тимот на University of Wisconsin-Madison утврдил дека нискокалорична диета доведува до значителни придобивки за опстанокот на мајмуните и го намалува ризикот од развој на рак, срцеви заболувања и инсулински отпор. Истражувањето на Националниот институт за стареење на населението во САД, спроведено во 2012, сепак потврдува дека ограничувањето на калориите нема влијание врз опстанокот, но пак потврдува дека го подобрува здравјето.


Подоцна двете екипи ги ревидираат резултатите од двете независни истражувања. Тие стигнале до заклучок дека ограничувањето на калориите им помага на мајмуните да водат подолг и поздрав живот. Но возраста, прехранбениот режим и пол исто така треба да бидат земени како фактори кои влијаат на времетраењето на живот при намалување на внесувањето калории, посочуваат научниците.

Мајмуните кои биле тестирани во двете студии имале и различен режим на исхрана. Во истражувањето на Националниот институт за стареење на населението во САД мајмуните биле хранети со повеќе природна храна, додека мајмуните кои ги следеле научниците од University of Wisconsin-Madison, се хранеле со повеќе преработена храна со висока содржина на шеќер и соодветно биле повеќе тешки.


Истражувачите исто така откриле дека женските мајмуни се помалку ранливи од негативните ефекти на вишокот на масти, отколку машките.

Научниците претпоставуваат дека ваквите откритија можат да се докажат и за луѓето.