Слушањето на “екстремна музика” како хеви метал делува инспиративно и оттаму има вкупно релаксирачки ефект, соопштува британскиот весник Independent повикувајќи се на резултати од новото истражување.
Авторите на студијата, објавена во академскиот журнал Frontiers in Human Neuroscience, пишуваат дека наместо да се засилува гневот и агресијата, силната хаотична музика всушност смирува и ги инспирира слушателите.
Д-р Џеневијв Дингал и Леа Шарм од University of Queensland спроведоа експеримент меѓу 39 лица на возраст меѓу 18 и 34 години, кои често си пуштале т.н. “екстремна музика”.
Учесниците биле замолени за 16 минути да разговараат за животната ситуација во која биле нервозни, а потоа имале право да одлучат дали да поминат 10 минути, слушајќи песна по избор, или да стојат во услови на целосна тишина. Потоа психолозите ја набљудувале емоционалната состојба.
Шарм вели: “Откривме дека музиката ја регулира тагата и ги засилува позитивните емоции. Таа им помогна на учесниците да го школуваат целиот спектар на испробаните емоции, а на крајот да ги направи повеќе активни и инспирирани.
“Резултатите покажуваат дека нивото на непријателство, раздразливост и стрес се намалуваат по пуштањето на овој вид музика. Најдрастична промена беше забележана во нивото на инспирација кај учесниците.”