Повеќето од нас беа одгледани од нашите баби. Нашите баби не научија да читаме за Црвенкапа и да броиме до милион; бабите шетаа со часови со нас во паркот покриен со снег, градејќи го нашиот мал универзум од снегот; бабите ни правеа палачинки и најдобрата супа на светот.
После цел живот ги бараме оние вкусови и мириси кои ни ги давале нашите баби во детството. И не ги наоѓаме. Броиме до милион, и повеќе, но што е поентата? Снежната куќа на баба во стариот парк исчезна во минатиот век, и сите се надеваме дека ќе се вратиме таму, ќе се прикрадеме внатре за да извикаме весело: „Бабо, барај ме!“
Нашите сакани баби. Незаменливи. Каков благослов што бевте и сте со нас.
Нашите бесмртни баби…
Страни: 1 2

Категорија: