Нашата омилена боја го покажува сексуалниот апетит



Омилената боја, како и боите со кои се облекуваме и преферираме да ги користиме во секојдневниот живот, можат да ги издадат со доста голема точност сексуалните желби на непознати.


Оние кои ја сакаат црвената, се страсни, но и агресивни љубовници. Љубителите на црвеното до крај уживаат во сексуалниот контакт, но имаат тенденција и на блага агресија кон спротивниот пол. Од друга страна овие луѓе не се плашат да експериментираат со нови нешта во креветот.

Љубителите на жолтата боја се луѓе кои можат да го контролираат сексуалниот нагон. Тие не сакаат да доминираат под покривката и ја оставаат на партнерот водечката улога. Луѓето кои ја сакаат жолтата боја, пројавуваат иницијатива во сексот, но не ја наметнуваат својата волја по секоја цена.


Зелената боја ги издава нежните и чувствителни љубовници. Жените имаат секс како да им е прв пат, а мажите со подготвеност ја извршуваат секоја желба на партнерката. Луѓето кои го сакаат зеленото, се многу верни на партнерот, и многу ретко се впуштаат во нови авантури.

За луѓето кои ја сакаат сината боја, сексот е уметност. Мажите со детали го истражуваат телото на партнерката, а за дамите предиграта пред интимниот контакт е од огромно значење.


Љубителите на виолетова боја гледаат на сексот како на губење на време. Жените се повеќе загрижени за својата фризура, отколку за желбите на партнерот, а мажите гледаат на сексуалните контакти како на обврска за создавање на потомство.

Луѓето кои сакаат сиво, се многу колебливи и несигурни љубовници. Тие доста се колебаат пред да имаат секс со нов човек.

Розовата боја ги издава флертувачите кои се склони кон неверство. Овие луѓе се многу незрели во односите со партнерот. Често жените ветуваат повеќе отколку што можат да дадат, а мажите ги менуваат партнерките како марамчиња.

Обожавателите на портокаловата боја ќе успеат со леснотија да ги предизвикаат сексуалните фантазии. Тие посветуваа и големо внимание на предиграта пред секс.