Направете си лак за нокти од сенка за очи



Најубавиот дел од овој домашен лак за нокти е што можете да ја добиете онаа нијанса која ја посакувате, како и да експериментирате со уште многу нови.


Се што Ви е потребно е:

Провиден лак


Сенка за очи

Чепкалка за заби


Мал фишек од хартија

Постапка:

Со чепкалката за заби изгребете ја сенката во фина пудра без грутки, за да може лесно да се измеша со лакот за нокти. Колку сенка ќе додадете зависи од тоа каква нијанса на боја сакате да добиете. Не се плашете да измешате повеќе бои.

Фината пудра со помош на фишекот од хартија истурете ја во провидниот лак и протресете го лакот 30 секунди ( доколку лакот е нов ќе биде потребно малку да го испразните, како би направиле место за сенката).

За колку време лакот ќе се исуши зависи од неговиот квалитет.

Пробајте!