Најважните одговори произлегуваат од најважните прашања. Да дојдете до точката во животот кога се знаете себе и можете да го поставите вистинското прашање, е половина изоден пат до успехот.
Еве неколку интригантни прашања кои сигурно ќе ве поттикнат на длабока себеанализа, дури и најсамоуверените меѓу вас.
1. Кога би имале прилика за 30 секунди да одржите говор пред целото човештво, што би кажале?
2. Кога би знаеле дека ќе умрете на полноќ, што ќе правите во 11 и 45?
3. Како знаете дека било што знаете со сигурност?
4. Ако би имале многу, многу пари, но сепак мора да имате професија, што би избрале?
5. Кога ќе имате 90 години, што ќе ви биде најважно?
6. За што најмногу се каете во животот?
7. Како можете да ја примените лекцијата што сте ја научиле од тоа каење во својот живот денес?
8. Ако не верувате во бог, што би промениле кога со 100% сигурност би се дознало дека Бог постои?
9. Ако утре изгубите се`, кому би се обратиле за засолниште? Дали таа личност знае колку ви значи?
10. Се плашите ли од смртта? Ако е така, која е причината?
11. Што би промениле ако дознаете дека никогаш нема да умрете?
12. Да дојдете до „небеската врата“, а Бог да ве праша „Зошто да те пуштам? – што е му одговорите?
13. Кога ќе бидете доволно добри за своето поимање? Постои ли некоја преломна точка кога ќе се прифатите себеси?
14. Дали земјата во која живеете е навистина добра за вас?
15. Што ќе кажат луѓето на вашиот погреб?
16. Кои ситници може да ги направите, за да го подобрите денот на некој друг?
17. Што мислите, што навистина стои помеѓу вас и среќата?
Ако ви текнува на уште некои вакви прашања, поделете ги со нас во коментри.