Велат дека зад секој голем маж, стои една успешна жена.
А жените, за кои ќе зборуваме тука се паметни, убави и се кралици.
Погледнете кои се најубавите кралици во историјата пренесува порталот БИЗНИС ВЕСТИ:
- Кралицата Џералдин од Албанија - Родена е во унгарско благородничко семејство. Работела во музејот во Будимпешта, бидејќи иако со титула, семејството не било богато. Во 1937 година кралот на Албанија ја видел нејзината слика и побарал да се сретнат. Тој бил 20 години постар, а во април 1938 година Џералдин станува кралица на Албанија. Радоста нејзина не траела долго. Следната година Мусолини влегува во Албанија и го соблекува кралот од престолот.
- Принцезата Сорана од Иран - Таа е репер за персиска убавина. Родена е во благородничко семејство. Учи во Лондон и Швајцарија. Во 1948 година се запознава со кралот на Иран. Тој се вљубува, па и предлага брак релативно брзо. Свадбата е раскошна. Добиваат подароци од Сталин, Кралицата Елизабета, Претседателот на САД Хари Труман. За жал , се чини дека принцезата има проблем со забременувањето. Конзервативните советници на кралот го тераат да се разведе и да се ожени со друга жена, за да има наследници. Таа се сели во Париз, каде што живее до крајот на својот живот. Таа не се мажи по втор пат.
- Кралицата Јетсун Пема од Бутан - Таа е нема благородничка крв и има само 24 години.
- Кралицата Ранија од Јордан - таа се запознава со кралот на Јордан во 1993 година. Тој е маѓепсан од нејзината убавина и само после два месеца познавање и предлага брак. Имаат 4 деца. Во моментов има 43 години.
- Грејс Кели од Монако - Таа е позната како холивудска ѕвезда, која станува вистинска принцеза. Се запознава со Принцот Рение на филмскиот фестивал во Кан. Имаат три деца. Кели умира во несреќа на 52-годишна возраст.