Најубавиот секс е со оној со кого ти е најубаво без тој секс …



Нашиот секс не е само под покривката – нашиот “секс” е сето она што ни се случува во текот на денот: будење со бакнеж, организацијата детето да дојде до градинката, шопингување заедно, општата подготовка на вечерата, гледањето на нашата омилена серија заедно, чувството да седнеме облегнати вечерта еден врз друг, читање на неверојатна книга, додека тој гледа во таблетот.

Ова е нашиот секојдневен “секс” – а другиот, интимен, тој ни се случува малку поретко, со различна фреквенција.

Но тоа не е проблем за нас – и за нас двајцата, секојдневниот ритам кој го изградивме, успешен и доволен.

Сексот не е во заден план, едноставно не е нешто што го правиме силувано и по секоја цена; бидејќи другите велеле дека “така треба”.

Всушност од години битуват следниве сфаќања: ако си во долга врска и не правиш секс барем 3 пати неделно, тоа е проблем; ако си семеен, имаш деца и не правиш секс барем 3 пати неделно со партнерот, тоа е проблем; ако оваа недела едноставно не ти се прави толку секс колку ти се правело претходните години и колку ќе ти се прави следната, но сепак не правиш секс барем 3 пати неделно, тоа е огромен проблем!

Продолжува на следната страна

Страни: 1 2