Најпотценетите лидерски вештини на жените



Иако во политиката се повеќе жени се избирани за лидери, сепак дамите продолжуваат да не се целосно прифатени за своите уникатни квалитети и способности, барем во светот на бизнисот, пишува бизнис вести.мк.

Една жена може да има силна волја, да е вредна, да се бори, да биде организирана, да поседува природни лидерски вештини и беспрекорно да управува во многу сфери во животот (семејство, кариера, домаќинство), но и покрај тоа да си остане потценета од своите шефови.

Еве и кои се квалитетите на жените – лидери, кои се чини дека мажите ги потценуваат :

1 . Жените секогаш бараат нови можности

Кога ќе се соочат со предизвикот, жените бараат нови можности. Тие ја гледаат чашата половина полна, а не половина празна. Оптимизмот е нивниот начин на размислување, бидејќи гледаат можност во сè.

2 . Тие имаат стратешко размислување

Често пати жените гледаат она што мажите не го гледаат. Така перспективата на жената се проширува. Жените не дозволуваат егото да застане на патот на најдобриот бизнис, нешто кое што мажите може веднаш да го направат.

3 . Тие имаат страст

Жените генерално се повеќе емоционалните лидери. Кога не се задоволни со статус кво, тие ќе сакаат да ги направат работите подобро и нема да ја одложат промената. Жените сакаат да има ред и стабилност, но во исто време сакаат да имаат независност. Кога ќе се почувствуваат затворени во рамка, тие се подготвени да излезат од неа, а тоа им овозможува да ги развијат новите можности .

4 . Тие се претприемачи

Претприемништвото е начин на живот за многу жени во светот. Дами можат да бидат исклучително инвентивни во тоа да ја завршат работата. Жените – лидери умеат да ја задржуваат својата концентрација, без тоа да им наштети на нивната мотивација или на нивната креативност.

5 . Тие се насочуваат и се грижат

Жените – лидери работат напорно, за да не се разочараат не само себе, но и другите. Тие често имаат високи стандарди за работата и се многу внимателни кон деталите. Покрај тоа тие се одлични слушатели и комуникатори. Тие достигнуваат до побрз и постабилен консензус, кога работат во тим.

6 . Тие создаваат добри тимови

Жените обично се оние кои ги обезбедуваат основните корени на семејството и оние кои го водат домаќинството, ја туркаат семејната логистика и т.н. Токму поради овие свои квалитети жените – лидери успеваат да градат добри тимови, што од своја страна обезбедува чувство на континуитет во бизнисот.