Најновите креации пролет-лето – „MCOUTURE by MILA KADRIU“



Модниот бранч на MCouture by Mila Kadriu го отвори претпоследниот ревијален ден на пролетниот Моден викенд Скопје, во Хорти Експерт гарден центарот во Скопје.


Мила Кадриу своите најнови креации за пролет-лето 2014 овојпат ги претстави во поинаков амбиент. Тренд на лесна и покомотна силуета, пософистицирани кроеви, како и весели, природни материјали ја карактеризираат најновата колекција на Кадриу.

Креациите се прилагодиви и различни, доминира транспарентноста преку нагласените линии. Црно-белите ткаенини преовладуваат преку шарените свили, тантелата, украсите со пердуви и минималистичките детали.


Фотографиите се направени од Ани & Дими