Добрата работна атмосфера е еден од главните предуслови за добро завршена работа, но што ако таа атмосфера ја уништуваат иритантните колеги? Во анкетата спроведена на повеќе од 500 испитаници на порталот MojPosao се испитани навиките на колегите кои најмногу не нервираат.
Најмногу анкетирани, 26 проценти, се иритирани од лошите хигиенски навики на своите колеги, при што ги издвоиле лошиот здив, несредениот тоалет, како и трошките по масите.
Подеднакво иритантни се и неумесните коментари и простачкиот јазик, истакнуваат 25 проценти, а тука спаѓаат озборувањата, мешањето во приватниот живот и шовинистички забелешки.
Дури 18 проценти се нервираат кога колегите им пречат во работата, како непотребни реторички прашања или прашања за работата кои веќе одамна треба да бидат научени.
Подеднакво нервира и гласното зборување по телефон, кое како што кажува еден од испитаниците „беше страшно и пред мобилните, а сега е неподносливо“.
Постојаното мласкање и грицкање нервира 8 проценти, а на тоа се додадени и константното накашлување и вовлекување на плунката.
Меѓу другото, подеднакво иритираат и прегласното слушање музика и претерувањето со парфем.