Секоја година наидуваме на списоци за најлошите Новогодишни подароци. Во списокот среќаваме различни работи како што се чорапи или крпи па до апсолутно неупотребливи предмети за одредена личност. Вистината е дека она што ние не го сакаме, не може да го сака ниту некој друг. Сепак, постои еден подарок што никој не би сакал да го добие. Дефинитивно најлошиот „подарок“ што можеме да им го дадеме на нашите најблиски е грипот.
Грипот значи пропуштени моменти
Знаеме колку е непријатно да се биде болен од грип – болки во мускулите, треска, течење на носот, константен замор, работи кои толку не мачат што престануваме да имаме интерес за скоро сè околу нас. Замислете дека сте болни непосредно пред или за време на празниците!. Сите се среќни, разменуваат подароци и се гушкаат, додека Вие лежите во кревет. Ужасно! Не сакате ни да помислите дека треба да бидете примена во болница? Тешко дека некој посакува вакво нешто за себе или за неговите роднини и пријатели.
Уште полошо е ако деновите поминуваат, а се појавуваат дополнителни компликации. Така што ако меѓу вашите роднини има луѓе од ризичните групи, бидете внимателни. Обидете се да ги заштитите, бидејќи најдобриот подарок е здравјето.
Можни компликации
Факт е дека помладите луѓе заболени од грип, кои во истиот момент немаат некои други заболувања, дека најчесто немаат компликации после грипот. Но, дали размислуваме за хронично болните и за старите лица? За роднините кои ги гушкаме, пријателите со кои сме во постојан контакт. Луѓето постари од 65 години имаат потешкотии да се опорават од грипот, тешка е грижата за нив потоа, а често развиваат и пневмонија. Состојбата на хронично болните може да биде комплицирана и доколку се разболат од грип. Додека ризикот од срцев удар по грип е 3 пати поголем. Ова е особено застрашувачко за оние кои имаат кардиоваскуларни заболувања.
Секоја година, околу половина милион луѓе умираат од грип или од неговите компликации. Не потценувајте го ризикот и бидете внимателни кога комуницирате со други или носите одлуки за себе. Оваа зима, предизвикот ќе биде уште поголем поради присуството на Ковид-19, што е уште една сериозна закана.
Најлошиот можен „подарок“ за празниците дефинитивно е грипот. Затоа, ве советуваме да бидете внимателни во текот на зимските месеци и да се заштитите себе си и вашите најблиски. Инфекцијата понекогаш е многу лесна, за разлика од закрепнувањето. Светската здравствена организација препорачува вакцини против грип – единствената ефективна превенција од грип. И за оваа година има бесплатни вакцини за лица над 65 години – споделете со вашите најблиски.
Зимата и празниците поврзани со неа се убави кога сме здрави. Ви посакуваме само тоа.