Во пресрет на празниците и во време на социјална изолација, најубавиот новогодишен подарок е тоа што повторно можеме да бидеме заедно.
Последните две години, поголемиот дел од животот се одвиваше онлајн, па дури и празниците. Дигиталните алатки ни помогнаа да останеме поврзани. Сепак, топлината на допирот, звукот на присуството и сликата повторно заедно, во добро здравје и во топлината на домот со најблиските, е подарокот којшто сите ние го посакуваме.
Преку симпатично раскажана приказна за дедо и внук коишто одамна се немаат видено, и покрај виртуелната поврзаност, видеото на Телеком успева да ги разбуди чувствата на возбуда што повторно сме заедно за празниците, нешто што недостасуваше сето ова време…
Пораката „Најголемиот подарок е што сме повторно заедно“ е заедничка во семејството Дојче Телеком и, освен кај нас, таа е испратена и во другите 9 пазари: Австрија, Полска, Унгарија, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Романија и Словачка.