Најголемиот Late Night Shopping досега – „Shop ‘n’ Shows” во Скопје Сити Мол



Она што можеме да го најавиме за сите граѓани кои ќе дојдат во Скопје Сити Мол и ќе бидат дел од „Shop ‘n’ Shows” шопинг искуството, е пред се работното време на продавниците, кое традиционално ќе биде продолжено до полноќ. Дополнително, со гордост ја најавуваме музичката програма која ќе одвива пред молот, а од неа дел ќе биде Биг Бендот на МРТ, Марга Сол, Бета Хаус, DJ Wish.Ko, Гоце Димовски, Lite Jazz – Марти Ивановски, Bossa Band, како и Bass & Glass кои ќе го промовираат својот нов албум. Она на што веруваме дека ќе биде одлично изненадување за посетителите, е отворањето на вратите во 17ч со ритамот на кубанската музика. И конечно, да не ги заборавиме големите попусти кои брендовите ги обезбедија за своите купувачи, изјавија од Скопје Сити Мол.”


Најлојалните потрошувачи со најголеми фискални сметки, пријавени на инфо пултот, секој час ќе бидат нагардувани со вредни подароци

Скопје (25.06.2014) Полноќното шопинг искуство ќе може повторно да се доживее, овој Четврток(26.06.2014) во најголемиот шопинг центар во Македонија, Скопје Сити Мол. Веќе дел од традицијата на молот, Late Night Shopping искуството оваа година ќе биде надополнето со многу музика, многу забава, модна ревија и многу дополнителни активности и изненадувања.
„Она што можеме да го најавиме за сите граѓани кои ќе дојдат во Скопје Сити Мол и ќе бидат дел од „Shop ‘n’ Shows” шопинг искуството, е пред се работното време на продавниците, кое традиционално ќе биде продолжено до полноќ и големите попусти кој ги даваат брендовите во Скопје Сити Мол. Дополнително, со гордост ја најавуваме музичката програма која ќе одвива пред молот, а од неа дел ќе биде Биг Бендот на МРТ, Марга Сол, Бета Хаус, DJ Wish.Ko, Гоце Димовски, Lite Jazz – Марти Ивановски, Bossa Band, како и Bass & Glass кои ќе го промовираат својот нов албум. Она на што веруваме дека ќе биде одлично изненадување за посетителите, е отворањето на вратите во 17ч. со ритамот на кубанската музика изјавија од Скопје Сити Мол.


Она што треба дополнително да го споменеме се вредните подароци кои Скопје Сити Мол ќе ги доделува на секој час, со регистрација на сметките од шопингот на инфо пултот. Најголемите сметки ќе добиваат подароци маички со автограм од Billy Idol, како и влезници за неговиот претстоен концерт во Скопје. Останатите активности се чуваат во тајност со цел да се изненадат посетителите, а како што најавуваат и претставниците на молот, има и многу други изненадувања планирани за „Shop ‘n’ Shows” – најголемиот Late Night Shopping кој ќе биде одржан во Скопје Сити Мол.