Најевтиниот лек против рак на дојка



Може да се заштитите од рак на дојка на евтин и многу лесен начин! Едноставно земајте аспирин редовно и овој вид рак нема да ве зачуди!


Кај ракот на дојка човек има двојно шанси да преживее ако зема редовно аспирин. Најдобрата заштита ја добиваат жените, кои го прават тоа од 2 до 5 пати неделно. Тоа ја намалува смртноста на овој рак за 71%, а ризикот од метастази се намалува со 60%.

Податоците се од американското истражување кое го открива најевтиниот лек против рак, имено аспиринот. Освен за ракот на дојка, тој е корисен многу и при рак на цревата. Сеуште нема податоци за неговото влијание врз други видови рак.


Американското истражување траело 30 години и опфатило цели 238 илјади медицински сестри. По него шансата на аспиринот да стане дел од третманот на жените со рак е голем. Тој, сепак, може да создаде страшно несакани ефекти. На пример да го иритираат желудникот и така да отвори чир. Претстојат уште истражувања за неговото влијание против туморите.

* Консултирајте се со лекар при започнување на редовно прифаќање на аспирин!