Најефикасни начини да ги исперете пестицидите од овошјето и зеленчукот



Истражувањата покажаа дека поголемиот број луѓе имаат зголемено ниво на пестициди во телото, па затоа е потребно далеку поефикасно, отколку порано, да ги измиеме овошјето и зеленчукот.


Најмногу ќе ви помогнат оцетот, лимоновиот сок и солта.

Во едно шише со распрскувач ставете разреден алкохолен оцет и попрскајте го зеленчукот што планирате да го јадете тој ден. Оставете да делува 10 минути, а потоа темелно измијте.


Втора варијанта е да го потопите зеленчукот во вода во која претходно сте додале сол и сок од лимон.

Оставете 10 минути и ќе видите како на водата се создава сива пења. После 10 минути убаво измијте.