Најдосадните нешта во спалната соба



Јадењето во кревет е најстарата досадна навика во спалната соба, според Британците. Тоа го покажува новото истражување на Betta Living.

Според 38% од Британците сметаат дека тоа е сигурен знак за разделба, ако партнерот се храни во кревет уште на првата средба.

На ноќното шкафче може да има светилка, пакет марамчиња, вазна, но не и валкани чинии или чаши. Ова е второ најомразено нешто во спалната според Британците.

На трето место е пушењето во кревет. Потоа следат рчењето, работата на лаптоп во кревет, облеката по подот и кражбата на покривката. „Зошто имаме две ќебиња, кога ти секогаш ја крадеш мојата”, прашуваат голем дел од Британците.

Неодржувањето на хигиена исто така е проблематична навика. Миењето на забите пред спиење, чистите нокти се главните работи кои треба да се одржуваат според Британците.

На последно место на листата за најдосадни нешта во спалната соба се зборувањето во сон и разговорите по телефон.