Најдобриот домашен пилинг: Шеќер и сол прават чуда против целулитот!



Комбинацијата на шеќер и сол длабински го отстранува мртвиот слој на епител и ја подобрува микроциркулацијата што доведува до значително намалување на обемот кој го третирате.


Кај жените најкритичен е секогаш делот околу колковите, задникот и „бутките“, па и оние највитите во овој предел често имаат целулит.

За да кожата ви биде мазна, еластична и за да го разбиете целулитот а со самото тоа и да го намалите обемот, направете го овој домашен пилинг, брзо и едноставно.


Се’ што ви треба е во ист сооднос да измешате шеќер и сол и 1/5 од тоа количество маслиново или бебешко масло. Смесата измешајте ја и подготвена е за употреба.

Пред секое туширање со оваа смеса третирајте го делот со целулит, нежно масирајќи со кружни движења. Резултатите ќе бидат видливи во зависност од вашата упорност.