Најдобар е сексот на срцето, секс кој што одново е крунисан со вљубеност и љубов



Денес многу повеќе се знае како да се продаде женската сексуалност, отколку тоа кои фактори ги дефинираат нејзините способности и можности за развој. Сепак, сексот на жената се уште го бара своето легитимно место во науката, и покрај фактот за морето проблеми со репродуктивното и сексуалното здравје од чии што бранови секојдневно се заплиснати, а понекогаш и поплавени милиони жени во светот.

Во пресрет на утрешната прослава на Светскиот ден на сексуалното здравје, неодминливо е уште еднаш да се потенцира посебноста на женската сексуалност, зашто се уште има многу тајни на „нејзиниот“ секс кои допрва чекаат да бидат откриени. Македонија преку Комаја Здружението за развој на уметноста на живеењето – дел од Светската асоцијација за сексуално здравје е една од 35 земји во светот која се придружува во одбележувањето на овој настан. Целта е да се поттикне отворена дискусија за теми од областа на сексуалноста, промовирајќи го сексуалното здравје и права. Сексот повеќе не е само интимна и приватна работа, туку унапредувањето на сексуалното здравје е глобален светски предизвик!

Страни: 1 2 3