Најдобар е сексот на срцето, секс кој што одново е крунисан со вљубеност и љубов



Дали и колку често жената може да доживее оргазам? Дали бременоста ја засилува сексуалната активност? Како може да се измери еротското задоволство? Зошто жените почесто се срамат да мастурбираат пред својот партнер? Има толку многу „жешки“ прашања поврзани со сексот, еротиката и љубовта, на кои во реалноста најчесто им парираат „ладни“ одговори. Сексолозите се обидуваат во овој јаз да ја вметнат научно поткрепената информација.

Женската сексуалност се уште крие во себе голема мистерија и тајна. Сложеноста на човековата сексуалност што се уште останува мистериозна, понекогаш дури и за научниците, се придодава на нашата фасцинација од сексот и богатството на нашите сексуални искуства. На 50-годишнината од објавувањето на култната книга на еден од основачите на современата сексологија д-р Алфред Кинси, „Сексуалното однесување кај жените“, се уште се недоволни истражувањата на сексуалноста кај жените, а предизвиците, пак, поголеми. Во времето кога оваа „библија на сексологијата“ беше издадена во 1953 година, со сексуалните истории на 5940 интервјуирани жени, „сексот“ се’ уште беше валкан збор.

Продолжува на следната страна

Страни: 1 2 3