Наградниот предизвик донесе нови членови во семејството на Бора



Бора е дел од организациите на кои секој чекор им е важен поради тоа што една од клучните убедувања е дека со задоволување на потребите на заедницата се постигнува успех на една компанија. За да ја исполни оваа мисија, Бора ја започна својата приказна со донација на пелени во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство и со тоа овозможи распределба на финансиска средства за развој на услугите на клиниката.


Полека и сигурно, со секој чекор, Бора ги развива можностите на заедницата нудејќи квалитетни производи по пристапна цена дозволувајќи користење на моќната нега за секој. Таа ја чувствуваат најмалите во клиниката за гинекологија и дечињата на членовите на граѓанското здружение „Една може!“ – „One can!“.

Сега секој во Македонија може да стане дел од семејството на Бора со користење на производите како пелените, влажните марамчиња, тоалетната хартија и кујнските бришачи. За сите да ги увидат предностите кои ги носат овие производи Бора отвори ново поглавје со започнување на награден предизвик на 11ти јули каде во 10 Тинекс маркети низ Скопје и преку онлајн пријавување можеше да се добие професионална фотосесија за најмалото, пакет на Бора производи и месечна залиха на Бора пелени. Предизвикот заврши на 11ти јуни, а извлекувањето се изврши на 12ти јуни и со тоа Бора доби нови членови на семејството.


„Големиот број на можности кои ги нуди Бора се сѐ уште на дофат во 22 различни маркети низ цела Македонија. Во некои од нив може да го видите и мечето Бора кое со цела радост ги забавува најмалите и ги информира нивните родители за придобивките од користење на моќната нега. Имајќи го во предвид секој чекор кој Бора го направи и поради клучната цел, секој да ја има можноста да користи квалитетни производи за нега по пристапна цена, ќе ја продолжи приказната овозможувајќи поддршка за заедницата за да се исполни посакуваниот напредок на општеството.“, порача Дарко Трајковски, претставник на Бора во Македонија.