На жените им се допаѓаат мистериозни мажи



Ме сака, не ме сака. И така додека завршат ливчињата на гранчето. Копнежот по недостижната желба сигурно е позната на сите. Една анкета на Facebook открива дека дамите особено уживаат во несигурноста. Тие едноставно ја обожаваат играта на мачка и глушец, пишува пишува FYI Living.


Обично работите меѓу луѓето се релативно едноставни – ако ми се допаѓа, ќе пробам и јас да му се допаѓам, ако не – веројатно ќе ме напушти.

Социолозите ова однесување го нарекуваат принцип на реципроцитет, што значи дека луѓето плаќаат за односот со иста монета. Жените во студијата на универзитетот во Вирџинија сепак биле во просек два пати повеќе привлечени од мажи, за кои не биле сигурни дали им се допаѓаат или не. Дамите раскажале дека биле најсреќни кога комуницираат токму со овие недостижни мажи.


Зошто несигурноста ги одушевува жените, уште не е јасно. Еволуционистичката гледна точка не може да понуди решение на загатката – јасно е дека човек кој си игра играчки во љубовта, не може да биде стабилен татко на генерација.

Поверојатно е за време на првата фаза на привлекувањето женскиот мозок да навлегува во фаза на блага психоза слична на состојбата кај силната зависност кога организмот копнее најмногу за она што ни е забрането. Засега оваа претпоставка останува во сферата на шпекулациите.