На сон и’ се појавил богато облечен човек кој и рекол дека дошол да и ја исполни желбата …



Си била еднаш една многу сиромашна жена која имала само едно прекрасно дете, кое многу го сакала и кое и било единствена утеха во нивната сиромаштија. Меѓутоа често им завидувала на богатите и често си велела себе си дека би била најсреќна жена доколку го има сето злато , пари и богатство како нив.


Една вечер на сон и’ се појавил еден богато облечен човек кој и рекол дека дошол да и ја исполни желбата и дека ќе ја одведе до една просторија полна со богатство и злато и дека од таму ке може да земе се што ќе посака , но кога ќе тргне накај дома да не го заборави она што и е во срцето најмило.

Жената била пресреќна, опиена од толку посакуваното богатство околу неа. Во собата останала со часови, лакомо собирајќи злато, богатства и се што и изгледало вредно и што може да се понесе.


Кога не можела веќе ништо да понесе , барала да ја пуштат. Човекот кој и дошол на сон и рекол уште еднаш да погледне дали земала се, да не случајно заборавила нешто, нешто што и е најмило. Жената погледнувајќи во огромната количина на богатство која ја носела, воодушевено рекла дека тоа е се што од секогаш посакувала и дека тоа и е најмило во животот.

Продолжува на следната страна


Страни: 1 2