На што вреди да потрошите многу пари?



  


Дознајте го одговорот на прашањето: „На што вреди да потрошам многу пари?“   Нема ништо лошо во тоа да сакате да штедите. Ако правите добри финансиски потези, многу е помала веројатноста дека ќе западнете во неволја. Освен тоа, секогаш ќе ги цените работите кои ги поседувате. Сепак, постојат некои работи на кои навистина вреди да потрошите многу пари. Бидејќи работите напорно и сте вредни секој работен ден, се вложувате себеси додека работите, ви ги претставуваме нештата за кои можете слободно да се опуштите и да не ги жалите парите.


 

 

Здравје

Никогаш не го ставајте вашето тело во втор план – запомнете, вие живеете во него. Секогаш треба да си ги пружате најдобрите услови за одржување на здравјето. Тука несомнено спаѓаат добар и стручен гинеколог, професионален забар, дерматолог…


 

Кревет

Сигурно сте слушнале дека поминуваме една третина од животот во спиење. Дозволете си тоа време да го поминувате во удобен, мек и чист кревет. Немојте да штедите кога е во прашање постелата.

 

Грижа за забите

Како што претходно спомнавме, потребно е да одите кај стручен забар за да имате убави заби. Но, мора и редовно да ги миете! Идеално би било после секој оброк. И, купете си конец за чистење. Исто така, одете на третман за белење на забите, вашата насмевка е најважна додека сте млади!

 

Физичка активност

Не заборавајте дека седењето убива! Доколку одите дома после работа/училиште/факултет и се спружувате пред телевизорот или компјутерот, си правите голема штета! Наместо тоа, одете на аеробик, ангажирајте личен тренер, возете  велосипед или ролерки, одете на скијање…

 

Патувања

Светот треба да се пропатува додека сте млади! Направете напор да прошетате во што повеќе земји додека сте млади и физички способни. Освен тоа, патувањата создаваат сеќавања и спомени, кои ќе ве прават среќни секогаш кога ќе се навратите на нив.

 

Добро образование

Образованието е инвестиција! Вложете многу, за да добиете многу! Овде не подразбираме само да се запишете на некој скап и реномиран факултет, туку да одите на дополнителни обуки, семинари, да купувате и читате дополнителна литература. Со тоа постојано се надградувате – а тоа ќе се исплати.

 

Квалитетна облека

Ова особено важи за обувките! Секој чекор што го правите надвор од домот, го правите со нив. Подобро е да потрошите некој денар повеќе на нив и да се чувствувате удобно, да не пропуштаат вода и да не се искинат уште по неколку месеци. Ако купувате квалитетна облека, ќе изгледате поуредно, а во суштина и ќе ви се создава помалку неред во орманот.

 

Одмор

Иако одморите најчесто се поврзани со патувањата, тоа не мора да е правило! Дозволете си некој ден од работа да одморите и овозможете си некое задоволство. Потребно е да се релаксирате. Работиме 80% од времето во неделата! Направете заслужен одмор.

 

Заклучок

Важно е да ги идентификуваме работите кои ни се важни и да трошиме на нив според важноста. За најголем дел од нив, ви препорачуваме да ги купувате поретко и да се фокусирате на нивниот квалитет. На кои работи вие трошите многу пари?