На неа не и требаат твојте мускули. Не и требаат ни твојте пари, ниту совршената фризура … На неа и требаш…



На неа не и требаат твојте мускули. Не и требаат ни твојте пари, ниту совршената фризура. Не и требаат ни плановите кој ги смислуваш од средно. На неа не и треба ни твојот автомобил, ни твојте одела. На неа не и требаат твојте приказни и ветувања кои ќе ги исполниш ако е твоја.
На неа и требаат твојте рамења, на нив да ги потпре сите болки кои се собираат во градите.
На неа и требаш таков каков што си под оделото. И требаат твојте раце кои никогаш нема да престанат да ја гушкаат и очи кои никогаш нема да се откажат од неа, дури и кога самата од себе би се откажала.
И требаат уши кои слушаат и зборови кои храбрат, смелост и некој на кој може да му верува.
Кој знае колку вреди и кој за богатство ќе ја смета неа, а не тоа што може со пари да се купи.
Таа треба човек. Свој човек.
А ако си ти нејзин со срце, коски и душа, она ќе биде твоја и без да и ветиш било што некогаш.


Автор: Дејан Велевски