Луѓето се чувствуваат најсреќни на 53-годишна возраст, пишува во Daily Express, повикувајќи се на резултатите од истражување направено во Велика Британија меѓу 2000 лица по нарачка на Crystal Ski Holidays, соопштија светските агенции.
На оваа возраст луѓето веќе се во состојба да ги прифатат своите несовршености, уживаат во поголема доверба, не се загрижени за ситници, не ги придружуваат вообичаените финансиски грижи за младоста, помалку се возбудуваат од мислењето на околината. Ова се само дел од позитивите на зрелите години.
Анкетата, која опфаќа луѓе на возраст меѓу 50 и 70 години покажува дека повеќето од нив сега се чувствуваат посреќни отколку во младоста. Просечната возраст на која се постигнува вистинско задоволство од животот, е 53 години.
Покрај тоа можат да доверат тајни на пријатели, можат да носат удобна облека и чевли, без да им е гајле за тоа како изгледаат, имаат повеќе време за забава, можат без каење да дремат попладне и имаат оправдување за тоа што забораваат.