На 15-години изгледала како старица, a откако направила операција не престанува да прави селфи – Еве како изгледа денес



Тинејџерката позната по псевдонимот Ксиао Фанг за јавноста, изјави за Дејли Меил дека е многу изненадена и среќна кога за прв пат го видела своето ново лице по операцијата, која чинела 56.000 фунти.


Пред операцијата, таа не се осмелила да направи селфи, а сега има „еден милион“. „Јас сум поубава и посигурна“, рече Ксиао, која претходно и немаше пријатели.

Таа е подготвена за ново поглавје во нејзиниот живот откако ја исполнила својата долгогодишна желба благодарение на хуманите луѓе кои ја финансираа нејзината операција. Таа е особено благодарна на еден човек кој платил поголем дел од трошоците за операцијата, што траела седум и пол часа. Девојката била лекувана во болницата Шенјанг, во Шенјанг, Кина.


„Сега конечно знам како е да се биде млада“, вели таа.

Операција била извршена на 29 декември минатата година, отстранувајќи седум инчи на кожата од лицето. Во операцијата биле вклучени 10 хирурзи, тројца педијатри и пет медицински сестри.


Погледнете како Ксиао изгледала по операцијата на следната страна:

Страни: 1 2