Градот Скопје и оваа година е домаќин на музичкиот фестивал „Андерфест“ што ќе се одржи денеска, на поткровјето на Public Room.
Вечерва на сцената ќе настапат The Chicks или Девојките, алтернативната група Fiction oд Скопје, Милко, и Decoy – трибут на групата Paramore.
Оваа година програмата изобилува претежно со алтернативната и рок музика со изведувачи од нашата држава.
Влезот е бесплатен со претходна резервација. Бројот на публика е до 30 проценти со задолжителен сертификат за вакцина. ки/дма/
Покровител на настанот е градот Скопје.
Скопје, 1 октомври 2021 (МИА)