Мусака со леб и модар патлиџан



Одморете од месото и згответе ја оваа превкусна вегетаријанска варијанта на мусака.


Потребно за 4 лица:

еден голем модар патлиџан
пола векна леб
две главици кромид
едно/две чешниња лук
500 мл. сос од домати


сол, бибер
пола лажиче цимет
кашкавал (млечен или растителен)
маслиново масло
китка магдонос

Подготовка:


Модриот патлиџан исечете го на подебели кришки. Намачкајте ги кришките патлиџан со масло од двете страни и печете ги на грил тава малку од двете страни или ставете ги во рерна на 150Ц, 30 минути. Лебот исечете го исто така на кришки и со четка намачкајте ги со маслиново масло. Соја трошките потопете ги во врела вода и оставете ги да набабрат неколку минути. Исцедете ги. Кромидот и лукот исецкајте ги ситно и пржете додека не омекнат. Додадете сол, бибер, ситно сецкан магдонос, цимет па додајте го сосот од домати заедно со соја трошките. Тавчето за печење намачкајте го со масло. Почнете да редите: прво парчињата леб, па смесата со соја трошки, па модрите патлиџани па пак смесата и се така за да заврши со смесата. Од озгора изрендајте кашкавал и печете 45 минути на 250Ц.