Му родив две деца, a тој ладнокрвно замина …



Мојот сопруг замина во прегратките на млада и атрактивна девојка. Каков ментален склоп имаат мажите? Не ми е јасно. И никогаш нема да ми биде. Како можеше толку многу да ме повреди? Како ли направи да се чувствувам толку ниско?


Бевме три години во врска. Во брак уште четири години. Му родив две прекрасни дечиња. Од куќата направив дом. Спокоен дом. Сакав и тој како мене да имаше капацитет и тоа да го разбереше и ценеше. Додека јас едно дете хранев, друго заспивав. Додека пеглав негови кошули, додека готвев како за војска, додека се трудев желбите на сите да се исполнети, додека уживав во семејните обврски тој правел нешто во кое само тој уживал. Работам и на работа и дома. И не ми е тешко. Не ми е мака. Од љубов кон него, кон чедата со леснотија сè тоа го правев. Тој безмилосно ме повреди. Додека јас ги гледав приоритетите на нашиот дом, тој ги гледал само своите. Тој после се ме разочара. Тој успеа да се заљуби во друга жена.

Продолжува на следната страна


Страни: 1 2