Можните причини за тоа да немате партнер



Вие сте млада, образована и привлечна жена. Но, зошто не можете да си најдете постојан партнер за сериозни врски?


Тоа е можеби поради некоја од следниве причини:

Причина № 1 : Премногу долг интервал помеѓу одделните врски.


Ние се навикнуваме на нешто и се трудиме постојано да ги повторуваме шаблоните на таквото однесување. Со други зборови, девојката која била во подолги односи со маж, по разделбата со него, веднаш ќе си најде друг партнер. Но, ако вие одамна не сте имале партнер во животот (вклучувајќи и секс за една ноќ) – тогаш вие уште долго време можете да бидете во таа состојба.

Причина № 2 : Вие не се доживувате како секси жена


Вие сте работохолик и не мислите за никакви возбудувања. Вие барате утеха во својата работа и целосно сте заборавиле за сексот, па дури сте престанале да се залагате за симпатични мажи. И што е најдоброто, мажите, исто така престануваат да бидат заинтересирани во вас.

Причина № 3 : Вие треба да го промените својот изглед 

Многу жени кои долго време не се среќаваат со мажи прават една од најраспространетите грешки : престануваат да се грижат за својот изглед. Втората грешка – точно спротивно на првата е дека се обидуваат да изгледаат премногу добро. Тие се разубавуваат со часови и се облекуваат провокативно …

Причина № 4 : Вие не сте љубители на мажите.

Можеби не се согласувате со тоа – вие сигурно сте љубители на својот брат или пријателите. Но тоа се однесува само за оние претставници од посилниот пол, кои одамна ги познавате и на кои целосно им верувате. Најверојатно сте имале лошо искуство со неколку мажи и сте пренесле своите чувства врз сите останати мажи. Вие го ледате во нив само лошото и не можете да си најдете партнер . И за жал мажите, со кои се соочувате, почнуваат да се однесуваат со вас токму како што очекувате.