Моника Белучи: Добриот секс е клучот за здравјето



Ѕвездата призна дека не е поддржувач на строгите диети и на исцрпувачките тренинзи, за да биде во форма. За тоа, пак, смета дека креветот е доволно добро средство за витка фигура и долг живот.


„Јас не сум човек кој се буди во 6 часот наутро, за да оди на фитнес. Само не јадам паста неколку дена пред да започнам со снимањето на новиот филм. Така направив и за “Џејмс Бонд”.

Вистината е дека ги сакам колачите и тестенините, виното и цигарите “, призна Белучи.


„Мојот совет е хранете се добро, пијте добро, правете добар секс и смејте се многу. Останатото доаѓа само”, советува актерката.

51-годишната ѕвезда, која има две ќерки од поранешниот сопруг Винсент Касел, изјави дека иако се смета за една од најсексапилните жени на екранот и во животот, никогаш повеќе нема да снима голи сцени.


Јас сум актерка и морам да го користам телото за да изразам многу нешта, но понекогаш не е сè е соодветно”, објасни таа пред „Сандеј Телеграф “