Молитва против грди мисли – се чита за една минута, а ќе ви го даде долго бараниот спокој



Некогаш е многу полесно да се ослободите од лошите навики отколку од лошите мисли, а окму тие ве спречуваат да живеете среќен и исполнет живот.


Познато е дека Црквата советува во период на пост, верниците да се воздржуваат од храна и пијалаци, но и од лоши мисли.

Во природата на човекот е лесно да потклекне и да помисли нешто лошо. Сепак, молитвата на отец Тадеј против грди помисли може да ви помогне и да ви го промени животот:


“Господаре Господе Боже мој, во чии раце е судбината моја, заштити ме по милоста своја, и не дозволи да пропаднам во беззаконие, ниту да одам по волјата на телото кое со страста војува против духот. Јас сум твое битие; немој да ме презреш, не се одвраќај од мене; сожали се.

Слаб сум, немој да ме презреш, Господе, бидејќи кон Тебе прибегнав заштитникот свој Боже: исцели ја душата моја, бидејќи се огрешив, спаси ме поради милоста Твоја, бидејќи сум Ти верен од младоста своја; нека се засрамат оние што сакаат да ме оттурнат од тебе со помош на нечисти дела, лоши помисли, некорисни сеќавања, одалечија од мене секоја нечистотија, секое зло, бидејќи Ти си единствен бесмртен, во се’ беспримерно моќен, и на сите им даваш сила за борба против ѓаволот и неговата војска.


Бидејќи тебе ти приличи секоја слава, чест и поклон, Отецот и Синот и Светиот дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин