Мојот татко ме немаше прошетано. Не ми купил шеќерна волна или розeв балон – A jас не го поканив на свадба …



И денес, на свои триесет години, очите ми се насолзуваат кога ќе видам некој сосем непознат татко како ја шета својата мала принцеза по улиците на мојот град. Мојот татко никогаш не ме имаше прошетано. Никогаш не ми купил шеќерна волна или голем розов балон. Некогаш си се тешам дека можеби тоа се случило, ама јас, ете не се сеќавам. И си премотувам филм сè до првите сеќавања кои ги имам за себе. Премотувам еднаш, два пати, три пати… И нема таков спомен! А, цело мое јас посакуваше да има. Барем на еден ден да бев татина принцеза, да ме држеше за раче, да бидам облечена во шарено фустанче и да бидам радосна што тато нашол час време за мене. Ама не, татко ми беше многу зафатен правејќи пари и грижејќи се за неговиот деловен успех и општествен статус. Веројатно, на моменти забораваше дека дома има едно мало девојче кое сака да се гушка и да си игра.

Кога почнав да чекорам во светот на големите, мислев дека ситуацијата ќе се промени. Ако ништо друго, барем ќе разговараме, за мене, за него, за нас. Веднаш по дипломирањето, почнав да работам во неговата фирма. Дадов сè од себе за да се збилижиме. Џабе! Бевме само вработена и директор кои разговараа за работи околу фирмата, временската прогноза и економските прилики и неприлики.


Текстот продолжува на втората страна

Страни: 1 2