Модното ателје Brocade од Скопје нуди идеални фустани за секоја пригода



Модното ателје Brocade е новото место во центарот на Скопје, чија главна дејност е изработка на венчаници и свечени тоалети со врвен квалитет. Простор каде секоја жена може да го пронајде идеалниот фустан за секоја пригода, независно дали се работи за дневен, вечерен или бизнис модел.

Од ателјето велат: Да се исполнат префинетите желби на секој клиент, а притоа моделот да биде удобен и нослив е навистина тешка задача. Но токму во тоа е и убавината да се занимаваш со оваа работа.

Тимот на Brocade, составен од професионалци, а мотивиран од задоволните клиенти, трудољубиво одговара на секој нов предизвик, посветувајќи големо внимание на деталите и финесите, вклучувајќи и рачна изработка.

Многу ни значи што за толку краток период успеавме да стекнеме лојални потрошувачи и да изнудиме насмевки на идните невести. Горди сме што не избирате токму нас и ни ги доверувате најзначајните мигови од вашите животи. Нашата задача е и останува да биде – да излеземе во пресрет на желбите и потребите на клиентот, изјави за lady, Кристина од модното ателjе Brocade.

Официјалната facebook страна: