5 најважни модни совети од Викторија Бекам



Врз основа на нивното искуство во модните кругови и лични преференци, ѕвездата дава пет совети:


1. Никогаш не ги заборавајте очилата за сонце. Тие можат да бидат акцент во секоја тоалета и да го дополнуваат целокупниот изглед кој сакате да го постигнете.

2. Популарните тесни фармерки се погодни како за текот на денот, така и за вечерното излегување, но многу е важно да не пречат на природните движења. Внимавајте кога купувате вакви фармерки, да го изберете вашиот број, а не помал.


3. Облекувајте се соодветно ако имате мали деца и треба да излезете со нив. Никако не е практично да сте во официјална или полуофицијална облека, а во тоа време да се пазите детето да не ве извалка. Може да треба и вие да лазите по земјата, за да се справите со непредвидената ситуација.

4. Иако постои јасно убедување на некои жени, дека треба секогаш и по секоја цена да се носат високи потпетици, тоа воопшто не е така. Ниските и елегантните чевли прават многу добра работа, дури и во комбинација со фустан.


5. Додатоците се од голема важност. Комбинирајте со вистинските ракавици, торба, појас, чанта, капа и сè друго.