Модната агенција „Подиум“ во потрага по модели



Модната агенција „Подиум“ која воедно е и официјалната модна агенција на Моден викенд Скопје ги повикува сите девојки и момчиња да бидат дел од курсот за модели кој ќе се одвива во текот на јуни и средината на месец јули. Курсот на кој може да се пријават и деца од најмала возраст, подразбира обука за правилно чекорење на писта, позирање и часови по глума. Рокот за пријавување е 21 мај (четврток).

Модната агенција „Подиум“ е посветена на развивање на талентот кај модели на најразлична возраст. Агенцијата работи на сите нивоа во модната индустрија : ревии, фотосесии за кампањи и медиуми како и промотивни настани.
„Подиум“ вбројува кампањи за речиси сите домашни дизајнери и модни куќи но и интернационални брендови како Hugo Boss, Bitsiani, Timberland, Diesel, Peugeot, Porsche и многу други.