Моден зимски тренд



Дизајнерскиот тим на шпанскиот бренд Desigual, познат по неговата оригиналност, креативност и весели, неконвенционални комбинации, за колекцијата Есен/Зима 2011/2012 реши да соработува со познатиот француски моден креатор Mr. Christian Lacroix, кој по подолго време отсуство од модниот свет, со ова го означи своето враќање.


Моден зимски "Сон" на Desigual и Mr. Christian Lacroix

Под насловот “Сон” оваа соработка резултираше со урбани, неинхибирани парчиња својствени за Desigual и многу детали по кои е позната работата на Mr. Christian Lacroix. На модната писта евидентна беше инспирацијата од источно-европските традиции како и прелевањето на многуте различни бои и текстури.  


“Станува збор за здружување на нашите срца, умови и креативност во еден проект. Ова наше прво соединување ќе ги открие сите добри работи што можеме заеднички да ги постигнеме. Ја засакаме целава идеа, дури и пред да почне нејзината реализација” – изјави креативниот тим на Desigual кој оваа колекција ја најави како увертира на она што следи како резултат од  соработката со Mr. Christian Lacroix кој ќе продолжи да создава “сништа” и за нивната колекција Пролет/Лето 2012.

 


 

Моден зимски "Сон" на Desigual и Mr. Christian Lacroix

Моден зимски "Сон" на Desigual и Mr. Christian Lacroix