Моден викенд Скопје ви го најавува единаесетотто издание



„Предстојните пролет/лето ќе бидат во знакот на сосема природен изглед на лицето, топли нијанси на сенки, палета од песочни тонови и бронзен тен на телото. Потенцираните трепки и силната шминка во наредните месеци ќе бидат апсолутен аут“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката на заштитните лица .


Тимот од „Бубе Студио Ин“ кој во соработка со Lakme ги направи фризурите , за новата сезона советува брановиден изглед ,благо прекршена коса и неформален природен изглед.

„Во однос на боите кои ќе бидат актуелни модните амплитуди ќе движат од медовата, преку лешник и карамела нијансите па се до огнено портокаловата боја.“, вели познатиот стилист Бубе.


Фотографиите од бекстејџ атмосферата ги направи Марина Трајковска а за стајлингот се погрижи Виктор Цветановски во соработка со Фешн Груп Македонија.

Страни: 1 2