Плескавици од компири кои одлично одат со секаква свежа салата, риба или пилешко месо.
Ем, многу се лесни за подготовка.
Состојки:
200 гр. сварени компири
3 – 4 лажици овесни снегулки
Една помала главица ситно исечкан кромид
Едно чешне лук
Една зелена пиперка
Сол по ваш вкус, бибер, ким, оригано и масло за јадење
- Подготовка:
Сварете ги компирите, па добро исцедете ги за да нема многу вода. Изгмечете ги и додадете ги сите состојки, освен маслото. Смесата добро измешајте ја. Оставете ја да отстои 20 минути. Со рака обликувајте плескавици и почнете да ги пржите во тефлонско тавче, со многу малку масло за јадење.
Она што е важно е смесата да биде цврста, кога ќе ја обликувате да не ви се лепи на рацете. Во случај да е мека, можете да додадете малку брашно. Исто така, по ваша желба можете плескавиците да ги извалкате
во брашно, презла, сусам и се’ останато што ви се допаѓа.
Пробајте ги и со тартар сос со копар!