„Младите жени доаѓаат со надеж да забременат“ – лековита вода од скопско Катланово развеселува многу семејства



Бидејќи Катланово изобилува со лековити извори се упативме кон оној извор за кој се верува дека е лек за очите. Секојдневно оние кои имаат проблеми велат дека доаѓаат тука да се помолат на господ да им помогне и да наполнат од водата. Оваа вода е малку поразлична од другите бидејќи премногу пече велат оние кои го “вкусиле” нејзиното исцелувачко дејство Недалеку од Катлановската бања во срцето на високи карпи има уште еден извор за кој луѓето веруваат дека има лековита и исцелувачка моќ, а меѓу народот е познат како Савината чешма изградена во 1997 година од рацете на една религиозна бабичка по име Елизабета.

Страни: 1 2 3