Митови за сексот во кои сеуште веруваме



Која е вистината за афродизијаците, желбите на мажите и жените?


Што вели науката за прашањето и кои се најголемите митови за половиот однос?

Еве неколку од нив:


Сексот согорува калории и помага да отслабеме

Експертите сметаат дека за време на 30-минутен секс можете да соборите 85-150 калории. Теоретски потребно е да изгориме 3500 калории за да загубиме половина килограм од тежината. Тоа значи дека треба да имаме 35 пати секс, за да загубиме 500 грама. Просечно сексот трае под 30 минути, а кај повеќето луѓе тој не трае повеќе од 5 минути, па така не се согоруваат речиси никакви калории.


Сексот може да предизвика срцев удар

Повеќе интимни бакнежи значат здраво срце. Претставниците на посилниот пол кои имаат секс два или повеќе пати неделно, се значително помалку загрозени од инфаркт. Поточно шансата за срцев удар кај маж кој не пуши и нема дијабетес, е едно на милион. Дури и да имате проблеми со срцето, физичката активност, која повеќето луѓе ја вложуваат во сексот, е еднаква на искачувањето по скалите до вториот кат.

Страни: 1 2

Maktel