Мисот на Еквадор умре во рацете на пластичен хирург



Трагедијата се случила во приватна клиника за време на липосукцијата. Мисот на Еквадор, Катерина Канто почина на хируршката маса во приватна клиника за време на липосукција, објави “Дејли мејл”.


Убавицата ја добила оваа услуга како награда. Таа имала избор да си направи некоја корекција и избрала липосукција, за да стане витка.

Според претставниците на приватната клиника, Канто починала од срцев удар. Адвокатот на мисицата тврди дека причина за смртта и е крварење во мозокот. Вистината ќе биде утврдена од аутопсијата на телото, објавија локалните медиуми.