Мислам дека можам со часови да зјапам во твоето правење ништо и тоа да биде она што ќе ме тера да се чувствувам исполнето



Сакам да ме гушкаш и скокоткаш наутро додека лежам полугола на нашата постела бидејќи јас сум твоето дете кое никогаш нема да порасне. Сакам да ги оживееш сите чувства на среќа во мене дури и кога светот нема смисла, сакам да те сакам, зошто тое е единственото нешто кое секогаш ќе има значење дури и кога ќе дојде време да го земам последниот здив. Дури и кога ме гледаш не можам да објаснам колкава е нашата поврзаност, дури и кога се обидуваш да ме штипнеш за да оставиш лузна на мојата кожа која обожаваш да ја милуваш, јас уживам.


Мислам дека можам со часови да зјапам во твоето правење ништо и тоа да биде она што ќе ме тера да се чувствувам исполнето. Ти си мојот соиграч во играта наречена живот, дел од тимот кој никогаш не сакам да го напуштам. Две бројки, различни, а сепак значајни за да се постигне целта. Кога едниот е слаб, тоа го крши и другиот. Кога едниот е тажен, другиот ја жртвува сопствената среќата. Кога те нема тебе, не постојам јас.

Автор: Виолета Луческа