Мис Исланд одби диета и го напушти изборот за убавина



Само неколку дена пред финалето на Miss Grand International, Арна Јонсдотир добила порака во која сопственикот ѝ укажувал дека таа не е во добра форма и дека треба да биде на строга „диета“


.„Престани да појадуваш, јади само салата за ручек и пиј вода секоја вечер до натпреварот“ – ова е „советот“ кој Мис Исланд го добила од сопственикот на Miss Grand International. Убавата девојка наместо да гладува, одлучила да го напушти изборот за убавина.

Засегната од бесмислениот „совет“, Арна со солзи во очите ја споделила случката на Snapchat. „Ако сопственикот на изборот навистина сака да ослабам и не му се допаѓа како изгледам, тогаш не заслужува да ме има во Топ 10. Да, моите рамена се пошироки одошто на другите девојки, но тоа е заради што сум член на Националниот тим на атлетичари на Исланд и сум горда со тоа“ – рекла таа, пишува skopjeid.mk.


Кратко време по скандалот, таа го напушти Лас Вегас и објави фотографија на Instagram.